Во изминатите две години дојде до драматичен пораст на свештеници кои се отпуштени од функцијата поради пријави за злоупотреба на деца, која е најголема казна за ова злодело. Не постои затворска а ни друга мерка за да не се повторат овие дела.
Пред 2008 е објавуван само бројот на пријавените и бројот на судењата кои Конгрегацијата ги одобрила. Едно од објаснувањата за зголемениот број на расчинувања во 2011 е поради тоа што во 2010 е многу зголемен медиумски овој проблем. Има зголемен број на текстови во медиумите за злоупотреба на деца од страна на католичките свештеници.
Но проблемот не е во расчинувањето туку што по ова не се превземаат никакви мерки. Ватикан во 2008 година јасно се изјасни дека по расчинувањето ништо не ги спречува луѓето да продолжат со судски процес и случајот да го пријават во полиција. Но тоа се уште никој не го направил