
Хомосексуална двојка која посвоила три ќерки се сретнаа со голем број на негативни коментари кога на Инстаграм објавија фотографија каде им прават фризури на своите ќерки.
Афроамерикаците Кордејл и Калеб, геј пар кој има посвоено три ќерки често на својот Инстаграм профил каде ги следат 36 489 луѓе ставаат интересни слики од своето семејство. Сепак сликата каде на своите ќерки им прават фризури предизвика бурни реакции.
На многумина не им се допадна идејата дека двајца Афроамериканци па и хомосексуалци заедно се грижат за деца. Погодени од овие ставови Кордејл и Кејлеб на коментаторите им одговорија:
„Можеби сме геј, ама тоа не значи дека не сме способни за она што е способен хетеросексуален пар. Како родители главна цел ни е на нашите деца да ги сакаме, да им овозможиме образование, поддршка, да ги охрабруваме и многу љубов”напиша парот.
„Хомосексуалноста за многу луѓе сега е нормална и не ни требаат вашите предрасуди туку вашата рамноправност. Нашите деца се благословени што поред нивната мајка не имаат и нас двајца. Имаат тројца родители кои ги сакаат, се грижат за нив и ја поддржуваат секоја нивна одлука” одговори геј парот.
httpv://www.youtube.com/watch?v=1k3Zoo1NWSg
