Денес е најдепресивниот ден во годината! (видео)

popara20 јануари, 201418min00
7

Како се чувствувате денес? Иако денес е убав ден, празник, експертите тврдат дека денешниов ден е Blue Mondayодносно најдепресивниот ден во годината, а се паѓа секој трет понеделник во Јануари. Нормално, повеќето од нас, на овој ден, се чувствуваме тажни и несреќни.

Ако утрово моравте да се соочите со сообраќаен хаос, тоа само додало дополнително црнило на веќе тмурното расположение, предизвикано од фактот дека денес е денот кога се чувствуваме бедно, празно и тажно, после новогодишните и божиќните празници.

Веќе третиот Понеделник од Јануари ни станува јасно дека нема шанси да ги исполниме нашите новогодишни одлуки, имаме намалена мотивација, имаме некое килце плус, летото е уште далеку, така да сосема е разбирливо зошто не ни се станува од кревет. И на тоа да го додамеме и фактот дека имаме многу малку дневна светлина.

Добрата вест е дека веќе утре ќе бидеме во подобра форма. Се што е потребно денес е да стиснеме заби и да го истуркаме некако денот, а и порано да си легнеме. Експертите советуваат што повеќе да бидеме на природна светлина или да седиме до прозор.

Ова е период од годината кога луѓето се чувствуваат уморно, не вежбаат, седат дома и се тешат со храна.

Затоа пуштете си добро музиче, и не се замарајте.

Foto-ilustracija: Foter.com / Giampaolo Macorig

httpv://www.youtube.com/watch?v=2x9mfgUsIis