Природата честопати не изненадува со најразлични природни феномени. Тешко е да поверуваш дека ова навистина постои во реалниот свет. Играта на светлината на овој малдивски остров е причина плажата да изгледа вака, па затоа и е наречена “Ѕвездено небо“.
Без разлика што фотографиите кои следуваат во галеријата ќе ви изгледаат како делови од бајка или успешен фотошоп, вистината е дека оваа плажа е реална и изгледа буквално вака:
Виновниците за сината светлина на плажата Вадху на Малдивите се фитопланктони. Тие создаваат биоилуминација или биолошка светлина.