Истражувањата покажаа дека поголем број од испитаните не доживеале оргазам во кој навистина ќе уживаат. Во кој ќе им се грчат сите мускули на телото и ќе заборават на околината и местото на кое се наоѓаат. Како да ја доведете вашата сакан до оргазам? Како самата да си помогнете да доживеете со својот партнер оргазам? Еве неколку совети на темата оргазам:
Запознајте го своето тело
Запознајте ја својата полова анатомија и различните сексуални техники. Што повеќе знаете за своето тело и реакцијата на телото на дразбите, толку полесно ќе му биде на вашиот партнер да ве доведе до оргазам.
Дајте си време
Не брзајте за време на сексот и дајте си време за уживање. Не ја прескокнувајте предиграта. Можете и да разговарате за своите сексуални фантазии и потоа полека да се подготвите за стимулирање на гениталиите и другите чувствителни подрачја. Еротските дразби постепено ќе ве возбудат и ќе ги подготват вашиот ум и тело за оргазмот кој доаѓа.
Препуштете се на уживањето
Разбудете ги сите свои сетила. За почеток ослободете се од сите предрасуди и несигурности кои ги имате во врска со сексот. Не размислувајте за нештата кои ве оптоваруваат и во целост препуштете се на моментот.
Научете да се опуштите
За време на сексот, и покрај зголемувањето на сексуалната тензија обидете се да останете мирни и опуштени. Со одолговлекување и надгледување на возбудата оргазмот ќе биде вистинска експлозија на чувства.
Имајте контрола врз сексуалната енергија
Со мислите контролирајте го протокот на сексуална енергија во вашето тело. Со малку вежба ќе достигнете експлозивни резултати и неверојатно сексуално уживање.
Кажете што сакате
Дознајте што ви одговара и нека притоа не ви биде срам истото да му го соопштите на партнерот. Со зборови или движења насочете го партнерот кон начинот на кој сакате да го стимулира вашето тело и ерогените точки. Добрата комуникација е клуч за взаемното уживање.