Во разговорот за њујоршкото списание The New Yorker, Барак Обама изјави дека е погрешно да се верува дека легализирањето на марихуаната ќе биде универзален лек кој ќе ги реши општествените проблеми.
Американскиот претседател Барак Обама оцени дека пушењето марихуана не е ништо поопасно од консумирањето алкохол, меѓутоа и покрај тоа ја нарече „лоша идеја”.
Обама, инаку, од поодамна јавно призна дека во младоста пушел „трева”.
„Го сметам тоа за лоша навика и порок не многу поинаков од цигарите коишто ги пушев како млад човек и во голен дел од возрасната доба”, вели Обама.