Луѓе, бидете добри и љубезни едни кон други, не трошете емоции и време на лоши работи. Животот е премногу краток за да го трошите залудно.“ Ова е пораката на Аманда која својата борба со ракот се до последниот ден, ја опишала на својот Твитер профил.
Младата девојка во 2009 година почнала да користи Твитер каде секојдневно ги мотовирала луѓето да живеат посреќен живот, потсетувајќи ги дека нејзините денови се избројани, и дека таа најдобро ја знае вредноста на секој изминат ден.
Во нејзините твитови има навистина трогателни моменти, на пример кога го опишува моментот како ги исчекувала резултатите, како ги преживеала лошите вести кога дознала дека и остануваат само неколку месеци живот.
И се до последниот ден Аманда не престанала да пишува. Кога била сосема скршена од болеста, знаејќи дека крајот е близу, се поздравила со своите пријатели, и им порачала уште еднаш да го живеат животот исполнето, бидејќи никогаш не се знае што те чека утрешниот ден.
Почивај во мир, Аманда!