Новоизбраниот шпански кардинал Фернандо Агилар ја опишал хомосексуалноста како дефект кој треба да се лечи.
Нашите тела се полни со недостатоци. Јас на пример имам висок крвен притисок. Па дали би требало да се лутам ако некој ми ја спомне мојата болест? Тоа е дефект кој јас треба да се потрудам да го отстранам со лекарска помош – изјавил новиот кардинал, сакајќи со тоа да каже дека и хомосексуалците се болни и треба да се лечат.
“Да му кажеш на еден хомосексуалец дека има дефект, тоа не е навреда, туку помош, бидејќи според мене овие луѓе се болни, а нивниот дефект може да се отстрани со помош на адекватно душевно и психичко лекување – истакнал Агилар.
Папата Фрањо минатата година изјави: Ако некој е геј, а сепак се моли на Бога, тогаш кој сум јас да му судам? Агилар за ова одговорил дека папата има респект за сите луѓе, но дека не го менува ставот на црквата.
Едно е да сакаш да ги прифатиш и да им помогнеш на хомосексуалците, а друго е морално да ја оправдаш хомосексуалноста – објаснува шпанскиот надбискуп.
Групата за заштита на правата на хомосексуалците побарале Агилар да го повлече својот коментар тврдејќи дека со тоа што ги нарекува дефектни автоматски и ги дискриминира.