Доаѓањето на снаа во домот (кога синот ќе се ожени) дефинитивно за некои е предизвик, за некои радост. Ви претставуваме еден забавен текст каде се раскажува како снаата ја суредила свекрвата. Веројатно се работи за фикција, но сеедно, вреди да се прочита…
Невестата била дочекана на трдиционален начин во домот на својот сопруг. Нејзиното ново семејство од неа побарале да одржи краток говор по повод вселувањето во новиот дом.
“Мое сакано семејство, ви благодарам што така убаво ме пречекавте. Пред се, сакам да знаете дека со моето присуство не сакам да предизвикам да се чувствувате неудобно и поради мене да ги менувате вашите навики и обичаи…“
Што сакаш да кажеш со ова невесто? – ја запрашала свекрвата.
“Она што сакам да го кажам е дека оние што до вчера си миеле садови- можат слободно да си продолжат со својата работа. Оние кои переле алишта, нека продолжат со својата работа. Оние кои готвеле – не треба да ја менуваат својата навика поради мене. И оние кои ја чистеле куќата, исто така треба да продолжат со својата работа. Што се однесува до мене, јас сум тука само за да го забавувам вашиот син!“