Тригодишното момче Никола Камполони го убила Италијанската мафија, а потоа го запалиле неговото тело поради долгови на неговиот дедо кој не ги исплатил на мафијашкиот клан.
Телото на момчето, неговиот дедо Салваторе (52) и неговата девојка Тус (27) биле пронајдени во автомобил.
Убиството на детето ја шокираше јавноста вo Италија и светот, поради митот што владееше дека мафијата не повредува жени и деца. Но факт е дека низ годините се забележани доста случаи каде страдаат невини жртви во пресметките помеѓу спротивставени криминални организации.
На кровот од автомобилот била поставена и монета која симболизира дека Салваторе, дедото на малечкиот, не го исплатил својот долг.
Полицијата смета дека убиството е извршено од страна на најјакиот мафијашки клан во моментов во Италија – Ндрагета. Ова е набогатата и најмоќната криминална банда која е поврзана со колумбиските нарко картели и ИРА. Ндрагета држи 80% од пазарот на кокаин во Европа.
За малиот Никола се грижел неговиот дедо бидејќи неговите мајка и татко се во затвор. Уапсени се пред година дена поради трговија со халуциногени дроги.