Една чистачка од Кина, Ју Јоузен (54) добила богатство и станала мошне успешен продавач на недвижен имот. Но таа сепак ја задржала својата првобитна работа и продолжила да ги чисти улиците и покрај тоа што нејзиното богатство изнесува неколку милиони.
Од една страна, месечно заработува по 170 евра чистејќи улици, а од друга страна има 2 милиони на сметка.
Таа богатството го стекнала пред неколку години кога кинеската влада го откупила земјиштето кое припаѓало на нејзиното семејство.
Таа ја искористила шансата, станала успешен агент за недвижен имот, изградила 21 зграда и заработила при тоа многу пари.
И наместо парите да ги искористи за уживање и луксузен живот, таа до ден денес продолжува да ги чисти улиците во нејзиниот град.
“Не е се во парите, мрзливоста е извор на сите лоши навики. Не сакам да им дадам лош пример на моите две деца“, изјавила Ју.
Таа станува во 3 часот наутро, шест дена во седмицата, го облекува својот портокалов костим, а потоа оди да ги празни кантите и да ги мете улиците во градот Вуана.
Нејзиниот шеф вели дека 14 години, откако работи за него, ни еднаш не задоцнила и дека имала само три слободни денови и тоа кога и починал таткото и снаата.
Двете нејзини деца одат на работа, а синот Лианг продава лото ливчиња на улица.
httpv://www.youtube.com/watch?v=WNVXW6ndUNE