Тајванскиот производител планира да го претстави својот нов уред, со полно име HTC One Two кон крајот на април оваа година. Колку што откриваат, новиот смартфон ќе има 5-инчен екран, што е за 0,3 инчи повеќе од 4,7-инчниот екран на актуелниот HTC One. Камерата ќе има значително подобрување, односно официјалната Ultrapixel на HTC, додека предната ќе биде со 2.1 мегапиксели. Од последните фотографии што се обелоденети ќе има и скенер за отисоци, односно помеѓу камерата и сензорите на задната страна на телефонот. Процесорот е Qualcomm Snapdragon 800 и 2 GB рам меморија, со него ќе доаѓа и најновиот Андроид 4.4 КитКат.
httpv://www.youtube.com/watch?v=y_fSWo2n8cU