Поп иконата Мадона повторно ги револтира активистите за заштита на правата на животните. Еве за што станува збор: Архитектот Торес на својот Твитер профил објавил фотографија каде е прикажано како ќе изгледа дневната соба на куќата на Мадона во Дубаи.
Веста дека Мадона ке има куќа со огромен аквариум каде ќе чува делфини предизвикала бурни реакции во јавноста и бројни негативни коментари.
Секако активистите за заштита на животните го дигнале својот глас и остро ги осудиле нејзините планови велејќи дека е нехумано да чуваш делфини затворени во аквариум поради забава и непотребен луксуз.