Основниот симптом на болеста наречена дископатија е остра болка во грбот, локализирана најчесто во долниот дел на р’бетот, но понекогаш болката го зафаќа и целиот грб.
Ако и вие страдате од дископатија, помогнете си со тоа што ќе ги прочитате и употребите следните рецепти на славниот професор Мермерски кој се занимава со лечење на болестите со помош на моќта на природата.
Рецепт 1
За приготвување на лекот ќе ви треба еден компир и една главица кромид. Се рендаат, се додава малку сол, па се меша. Дебел слој од смесата се поставува на болното место, од горе се поставуваат повеќе слоја газа, па се лепи со фластер. Облогата треба да стои цела ноќ.
Рецепт 2
Направете раствор од јаболков оцет и една лажица сода бикарбона. Во растворот потопете парче леб. Лебот се поставува врз болното место, се покрива со повеќе слоја газа, па се лепи со фластер. Облогата треба да стои преку ноќта.