Легендата за најубавата жена на светот…

popara22 јануари, 201417min00
26

Група мажи седеле заедно и разговарале на тема – Како изгледа најубавата жена? Еден од нив бил љубител на огнено-црни жени, со очи темни како јаглен, со поглед што магепсува и буди страсти. Друг пак сакал нежни жени, со сини очи, мил поглед и лице на ангел. Третиот ги избрал жените со кафени топли очи, алени усни и заразна насмевка…Едните се восхитувале на тенка и витка става, другите претпочитале мала, нежна и сочна женска фигура.

И секој од нив сметал дека неговото мислење и опис е правилното и не престанувале да се убедуваат еден со друг во вистинитоста на своите зборови. После некое време сватиле дека вака нема никогаш да се согласат, па решиле да го посетат славниот мудрец во градот и да побараат од него да одлучи кој од нив е во право.

Ние цел ден спориме – му раскажале мажите – за тоа како изгледа најубавата жена на светот но не успеавме да се согласиме. Кажи ни ти поштен човеку, како изгледа најубавата жена на светот?

Старецот без долго да размислува им одговорил:

Најубавата жена е онаа што ја љубиш!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma