А што не чека во 2014? Минатата година прогласена за една од најтоплите откако постои Земјата!

popara23 јануари, 201418min00
11

НАСА објавила податоци и открила дека минатата година била четврта најтопла година во историјата, од времето кога почнале да се забележуваат временските податоци – 1880 година.

Просечната светска температура била 14,52 степени, речиси изедначена со 2003, според НОАА. Истовремено, НОАА пресметала дека минатата година била седма најтопла, со просечна температура од 14,6 степени. Разликата како две агенции ги пресметуваат температурите на Арктикот се заснова на разликите пресметани во стотинки од степенот, велат научниците. Двете агенции изјавиле дека 9 од 10 најтопли години во историјата се забележани во 21 век.

Најтоплата година била 2011 според НОАА. Постојат времиња, како ова денес, кога можеме да видиме снег на места каде немало и во фазата наречена глобално затоплување.

Долгорочните трендови покажуваат драматично затоплување кое почнало во 1960 година и се очекува да достигне многу повисоки температури во следниве 10 години.

Во послениве 50 години просечната светска температура континуирано се покачувала. Самиот факт дека е месец Јануари, а кај нас се забележани речиси пролетни температури, зборува доволно и во прилог на овој аргумент објавен од НАСА и НОАА.

Foto: NOAA

Foto: AP/Tanjug

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma