Езерото Рупканд во Индија се наоѓа на 5000 метри надморска височина поради што е откриено дури пред околу 70 години. Се работи за глечерско езеро кое поради положбата најчесто е замрзнато, но кога ќе се стопи, открива морничава историја која овде се одиграла пред 2800 години.
Кога езерото ќе се стопи, и кога водата ќе се повлече, еве што се открива – човечки скелети. И тоа многу. Долго време не било познато потеклото на овие скелети, а денес постојат неколку теории, но ни една од нив не го дава точниот одговор. Езерото сеуште останува мистерија.
Некои веруваат дека ова се посмртните останки на кашмирскиот генерал Зоравор и неговите војници кои исчезнале на Хималаите во 1841 година, враќајки се од битката во Тибет.
Бидејќи е докажано дека коските се многу постари, се појавува друга теорија. Се смета дека коските кои почиваат во езерото се жртви од ритуално убиство.
Сите черепи имаат скршеница предизвикана со удар на тап предмет.
Антрополозите сеуште се обидуваат да ја откријат причината за смртта на стотици луѓе на едно место, и зошто сите тие завршиле на дното на езерото, кое е многу одалечено од познатите во тоа време населени места. Некои ова го поврзуваат со вонземјани кои вршеле истражување на човечката раса.