Во текот на една од своите вообичаени мисии на Марс, НАСА забележала интересен феномен, за кој науката нема објаснување.
Возилото на НАСА Опортјунити на 8 Јануари мапирало конкретна зона на Марс, а само 15 дена претходно, кога истото место било мапирано, каменот не бил таму.
Роверот со помош на својата роботска рака го допрел каменот со цел да земе примерок за анализа на неговиот состав, а тогаш се случило нешто многу поинтересно.
Никогаш не сме виделе нешто слично. Каменот содржи многу сулфур и магнезиум, има два пати повеќе манган од останатата структура на Марс. Сеуште не знаеме што би можело ова да значи – изјавиле научниците.
Опортјунити престојува на Марс од 2004 година.