Според акните на лицето дознајте какви здравствени проблеми имате!

popara23 јануари, 201418min00
15

Според оваа карта можете да се справите со основните причини за појава на дефекти или акни на лицето, но и на време да почнете да ги третирате здравствените проблеми, доколку имате такви.

1 и 2: Проблеми со дигестивниот систем – Јадете помалку преработена и нездрава храна, да се намали количината на масти во вашата исхрана, да се пие повеќе вода, да јадете повеќе краставици.

Зона 3: Проблеми со црниот дроб – Намалете ја конзумацијата на алкохол и цигари, масти и млечни производи. Ова е зоната каде алергиите предизвикани од храна најпрво се појавуваат, па затоа внимавајте што јадете или направете алерго тест. Освен тоа за вас се препорачува секојдневна физичка активност околу 30 минути, а треба да спиете по 8 часа дневно со цел црниот дроб да се опорави.

4 и 5: Проблеми со бубрезите, а доколку ова е придружено и со подочници, дефинитивно се работи за дехидратација. Пијте течности!

6: Срцето – Проверете го крвниот притисок, и нивото на витамин Б. Намалете ја конзумацијата на зачинета храна, месо и излегувајте почесто на чист воздух. Јадете повеќе јатки, авокадо, риба, и ленено семе.

7 и 8: Бубрези – Пијте многу течности! Престанете да конзумирате газирани пијалоци, кафе и алкохол.

Зона 9 и 10: Респираторниот систем – Доколку пушите, веднаш престанете! Ова е вашата проблематична област! Избегнувајте месо, млечни производи, алкохол, кофеин и шеќер.

Зона 11 и 12: Хормони – Ова е зоната одговорна за стрес и хормонални промени. Можете да го намалите ефектот ако повеќе спиете, ако пиете доволно вода, ако јадете повеќе лиснат зеленчук.

Зона 13: Стомак – Зголемете ја конзумацијата на растителни влакна, намалете го нивото на токсини од нездравата исхрана со пиење на повеќе чаеви, особено зелен чај, со што ќе го подобрите и варењето на храната како и перисталтиката на цревата.

Зона 14: Овде акните се знак за тоа дека вашето тело се бори со бактерии, за да избегне болест. Одморете се, одете на часови по јога, спијте повеќе, пијте повеќе вода.

Как да разгадаем по пъпките на лицето си, какви здравословни проблеми може да имаме в тялото?-Карта

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma