Како би изгледало кога 12-те хороскопски знаци би живееле заедно?:)

popara23 јануари, 201418min00
8

Одлична виртуелна шега која деновиве е интернет сензација, и која на мошне духовит начин опишува како би изгледало кога 12-те хороскопски знаци би живееле заедно.

6:00 часот: Девицата станува и пред туширање прави генералка во купатилото. После миењето заби, четката ја става во стерилна кутија и ја остава на посебно место, далеку од останатите четки.

6:15 часот: Јарецот станува и го гаси бојлерот, бидејќи поминало времето за ефтина струја.

6:20 часот: Водолијата оди на утрински џогинг.

6:30 часот: Вагата и Лавот се пред огледало и се тепаат кој прв да го користи хидратантниот крем и гелот за коса.

6:40: Бикот појадува Нутела со голема лажица дирекно од тегла.

6:45: Стрелецот станува и повторно го вклучува болјерот.

7:00 часот: Ракот прави сендвичи, Девицата цеди овошни сокови. Близнакот сеуште спие и со мобилниот проверува мејлови, Фејсбук, Твитер и Инстаграм.

7:05 часот: Шкорпијата ја крши вратата од тоалетот – Вагата излегува смртно навредена со несесерот во раце.

7:10 часот: Овенот станува и вклучува штоперица.

7:11 часот и 45 секунди: Овенот истуширан, облечен, со чевли на нозе, мафта од скалите. Ја исклучува штоперицата.

7:15 часот: Бикот со лажицата гребе по теглата. Нема веќе Нутела.

7:20 часот: Вагата и Лавот повторно се караат пред огледалото, последниот проверува како изгледа и се восхитува на она што го гледа.

7:30 часот: Водолијата се тушира со ладна вода, Јарецот повторно го исклучил болјерот.

7:40 часот: Сите излегуваат.

7:45 часот: Близнакот се враќа, заборавил еден од трите мобилни телефони.

7:50 часот: Близнакот повторно се враќа, го заборавил новчаникот.

8:00 часот: Рибата се буди и сваќа дека е заклучена сама во станот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma