Потребни намирници за приготвување на овој чудотворен домашен лек против грип:
2 лимони – кора и сок
100 гр кафеав шеќер
100 гр шеќер во прав
60 гр путер без сол
3 јајца
Лимоните се мијат, кората ситно се ренда, па се цеди сокот. Измешајте ги двата видови шеќер, додадете го путерот, сокот и кората од лимоните. Изматете ги добро јајцата и додадете ги во смесата. Ставете го садот да се загрева на пареа, при што треба да се меша постојано, додека се згусти кремот, и шеќерот да се истопи. Кремот не смее да зоврие!
Уште додека е врел се префрла во стаклени тегли и се остава да се олади, при што теглата треба да биде свртена со капакот долу. Кремот се чува во фрижидер и трае неколку месеци.
Се конзумира по една лажица три пати на ден, пред оброк, се додека трае грипот.