Се поголем е бројот на заболените од сексуално преносливи болести во Албанија. Посебно со загрижувачка брзина се шири сифилисот. Во периодот јануари до ноември регистрирани се 97 случаи, но бројот е многу повисок, зашто приватните болници не ги пријавуваат случаите во Институтот за јавно здравје.
– За единаесет месеци регистрирани се 97 случаи на сифилис. Од нив 78 се жени и 20 мажи, изјавила Адела Васили, епидемиолог.
Силва Бино од Институтот за јавно здравје предупредува дека сифилисот станува загрижувачка појава за здравствениот систем во земјата. Освен оваа заразна болест во земјата, според стручните лица, многу бргу се шири и сидата.