Секоја жена што користи маскара секојдневно знае колку непријатно е кога маскарата ќе се исуши, па ги претвора трепките во заплеткани снопчиња со грутки.
Маскарите навистина пребрзо се сушат, но тоа не значи дека морате да си купите нова. Во опаковката има сеуште доста материјал, кој треба да се употреби.
Единствено што треба е да ја растворите содржината. За целта ќе ви бидат потребни капки за очи, така наречените “вештачки солзи“. Додадете 3-4 капки, па добро протресете, за убаво да се раствори исушениот материјал. Вашата маскара ќе биде како првиот ден кога сте ја купиле.