Сноуден: Знам дека мојот живот е под директна закана, но нема да ме исплашат!

popara25 јануари, 20141min00
snouden-lapt-620x320

Ноќта кон петокот, Сноуден, кој стана познат и славен откако до медиумите достави класифицирани материјали со кои ја разобличи масивната програма за надзор врз електронските комуникации низ светот од страна на американските и британските разузнавачки служби, одговараше на прашања кои му беа поставувани преку Twitter. Притоа еден од „соговорниците” го праша дали стравува за својот живот.

snowden__1_of_1__large_verge_medium_landscape

„Знам дека мојот живот е под директна закана, но нема да ме исплашат. Да се прави вистинската работа значи да не се очекува сожалување”, одговори Сноуден.

Друг, пак, виртуелен соговорник на Сноуден го запраша под кои услови би се согласил да се врати во САД. „Враќањето во САД би било најдоброто решение за владата, за општеството и за мене самиот, но, за жал, тоа е невозможно поради сегашните закони во областа на заштитата на информаторите за злоупотребите (…) Таму нема шанси за справедливо судење и јас не можам да се вратам дома”

Агенцијата Reuters објави дека Сноуден убедил 20 до 25 соработници на регионалниот центар на NSA на Хаваи да му ги дадат своите кориснички имиња и лозинки. Тие негови соработници, според агенција, биле идентификувани, испрашани и суспендирани од должностите.

Во тој контекст еден од „соговорниците” на Twitter го праша Сноуден „како борецот за злоупотреба на тајните служби отишол толку далеку што ги присвоил личните податоци на своите колеги.

„Тоа е обична лага. Никогаш не сум украл никакви лозинки и не ги мамев колегите”