Што значи ако сте родени на 13-ти, 14-ти, 16-ти или 19-ти?

popara25 јануари, 20141min00
2222

Во нумерологијата има теорија дека луѓето родени на 13-ти,14-ти,16-ти и 19-ти, без разлика на месецот и годината, имаат посебен кармички долг. Не дека и останатите немаат, но посебно кај нив тој мора да биде посебно исполнет во овој живот. Значи, ако денот на раѓањето ви се совпаѓа со овие бројки, видете што се очекува од вас.

Луѓето родени на 13-ти

Тоа се луѓе кои ќе го остварат секој свој сон и цел, но треба да се научат да се справат со пречките. По секој неуспех тие се уриваат емоционално, престануваат да веруваат во себе, имаат чуваство дека светот им се руши. Наместо да земат поука и да се благодарни што имаат таква можност. Секоја цел во нивните животи тие ќе ја постигнат задолжително со една две пречки. Но тоа не треба да ги плаши, напротив! Разберете дека добивате 2 во 1 – ем постигната цел, ем научена лекција. Едноставно не треба да ги земате неуспесите како нешто негативно. Тоа е ваш кармички долг – да станете успешни, но и психички силни личности.

Луѓето родени на 14-ти

Во претходниот живот премногу сте ја злоупотребувале својата слобода и сега треба да го промените тоа. Вие сте склони да лажете, да не ги почитувате другите и да правите што сакате. Па, вашиот кармички долг е помалку да потпаѓате под искушенија и да си поставите цел која ќе ја следите. Таа може да е поврзана со личен развој, развој на бизнисот или учење. Се проценува дека вие имате сили да го промените светот.

Луѓето родени на 16-ти

Штом сте родени на овој датум, тоа значи дека треба да дејствувате иноваторски. Вие носите кармички долг да иницирате и да ги водите останатите по себе. За целта се бара многу храброст и интуиција. Не грижете се, и двете ги имате во изобилство, само треба да верувате во себе. Не смеете да бидете иронични и цинични – ова однесување ќе ви создаде негативна енергија, која ќе ве оддалечи од судбинскиот пат кој треба да го следите. Секој ден треба да давате почеток на нешто ново. И тоа да го правите со сета своја љубов и желба.

Луѓето родени на 19-ти

Вие сте луѓето кои треба да се морална и емоционална поддршка на другите. Склони сте кон затворање во себе, склони сте да седите главно дома. Ова тереба да се промени. Секој ден треба да разговарате со познати и непознати. Да им давате совети, да ги слушате, да им помагате, да ги мотивирате. Кармичкиот долг ви е многу важен, бидејќи благодарение на вас и вашите зборови, многу луѓе ќе ја откријат среќата, љубовта, а на некои дури ќе им го спасите и животот!

Амбасадори на доброто, раздавачи на надеж и мудри советници – тоа е вашата судбина.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag