Откријте според датата на раѓање дали си одговарате со партнерот!

popara20 декември, 201419min00
9

Вака, многу брзо и лесно ќе дознаете дали навистина си одговарате со партнерот.

Пример: Родени сте на 01. 04.

Се собира на следниот начин: 0+1+0+4=5. Вашиот број е 5.

1 – емоционален, динамичен, властољубив екстраверт.

2 – зависен од туѓото мислење, затворен и пасивен карактер.

3 – комуникативен, отворен и стабилен карактер, кој не е зависен од надворешно влијание.

4 – стабилен, конзервативен, интелигентен и посветен на она што го сака.

5 – независен, импулсивен, сака авантури, ја сака слободата, не прифаќа граници.

6 – емоционален, духовит, и многу романтичен идеалист.

7 – мистериозен, воздржан, конзервативен интроверт.

8 – лидер со одлични организациони способности, ги сака пред се парите.

9 – многу чувствителна и емотивна душа, романтична и со богата фантазија.

Сега соберете го вашиот број и бројот на партнерот, за да видите какви перспективи има вашата врска.

11 – постојана борба за надмоќ, обид за наметнување на сопственото мислење и недостаток на компромиси.

12 – имате големи шанси за стабилна врска, доколку егоистот со број 1 го смири својот темперамент.

13 – добри пријатели, но нема голема хемија. Лоша прогноза. Нема да бидете уште долго заедно.

14 – по карактер сте многу различни. Потребни се доста компромиси од страна на мажот, ако сакате оваа врска да успее.

15 – нестабилни и динамични односи, има хемија, но љубомората ви носи постојани конфликти.

16 – идеална врска, ги имате сите шанси за долг и среќен семеен живот.

17 – се дополнувате взаимно, но ви недостасува вистинска длабочина на односите и искреност.

18 – и двајцата не сакате да ги покажувате емоциите. Ако тоа ви одговара и на двајцата, нема да имате никакви проблеми.

19 – создадени сте еден за друг, ова е идеалната комбинација! Вие имате огромна среќа! Честито!

22 – кај вас нема разбирање, сакате различни нешта од животот.

23 – одлична комбинација на карактери.

24 – многу добра комбинација, многу добри шанси за стабилна и исполнета врска.

25 – нестабилна и непредвидлива врска, возможна е хармонија само ако постои силна љубов.

26 – хармонична врска, многу добри перспективи.

27 – добри пријатели но не и добри љубовници.

28 – хармонија и стабилни односи.

29 – проблематична врска со многу неизвесен крај. Среќен семеен живот е речиси невозможен.

33 – во некои случаи оваа комбинација може да биде многу успешна, во други – да доведе до одалечување.

34 – идеална комбинација, сјаен сојуз.

35 – имате многу заеднички интереси, тоа ве зближува.

36 – добри перспективи и шанси за стабилна врска и среќен семеен живот.

37 – немате големи шанси за стабилна врска, но има простор за пријатно изненадување.

38 – мали перспективи поради постојаните кавги и конфликти.

39 – заеднички интереси, слични карактери, добар сојуз, одлична перспектива.

44 – стабилни односи, но и малку досадни.

45 – недолготраен сојуз поради големата разлика в карактерите и интересите.

46 – добра комбинација на карактери, хармонични односи.

47 – долготрајни и хармонични односи.

48 – не е лоша комбинација, но возможни се големи кризи поради борбата за надмоќ.

49 – има хемија, но тешко може да се прогнозира што ќе се случи во иднина.

55 – добра комбинација, стабилни односи.

56 – недостаток на силна љубов, не се возможни добри односи, ако не ја вратите хемијата од порано.

57 – различни сте по карактер, но се дополнувате идеално.

58 – премногу си ја сакате слободата, што води до постојани конфликти. Со годините и ова ќе се реши.

59 – многу добра комбинација, но покажете повеќе емоции и подршка кон партнерот.

66 – има шанси за долга и стабилна врска, но лубовта брзо ќе згасне.

67 – комбинација која тешко може да се дефинира. Се е возможно!

68 – материјалисти и идеалисти. Но вие се согласувате одлично!

69 – фантастична комбинација со одлична перспектива.

77 – изгледа како да немате потреба еден од друг, но затоа пак ве врзуваат силни пријателски чувства.

78 – не си одговарате еден со друг. Не губете време во оваа врска, барајте друг човек.

79 – вљубени како дечко и девојка, непријатели како маж и жена.

88 – и двајцата сакате да го наметнете своето мислење и да наредувате. Научете се и двајцата да правите компромиси.

89 – се согласувате како бизнис партнери, но не и како љубовници.

99 – имате шанси за стабилна врска, ако научите да ги надминувате проблемите со трпение.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma