Јаболковиот оцет е еден од најдобрите детокс производи за нашиот организам. Природен е, здрав, а покрај тоа слабеете без потешкотии. Дознајте како јаболковиот оцет ги топи килограмите.
Покрај тоа што делува алкално и ја нормализира рН вредноста на крвта, јаболковиот оцет ја зголемува енергијата, ја зголемува работната способност, го чисти организмот од токсини и ги разградува мастите.
Истражувањето од 2009 година покажало дека луѓето кои конзумирале јаболков оцет 12 седмици значително ја намалиле тежината, стомачните масни наслаги, обемот на половината и триглицеридите. Иначе, триглицеридите се одговорни за зголемување на лошиот холестерол.
Режим на слабеење: Секое утро на празен желудник треба да пиете по една чаша вода со 2 лажици јаболков оцет. Освен тоа јаболковиот оцет го стимулира и кардиоваскуларниот систем и помага за прочистување на црниот дроб.
Некои луѓе успеале со помош на оваа метода само за еден месец да намалат 5 килограми.