Гледаноста на реалното шоу “Keeping Up With the Kardashians” во последно време е во опаѓање, па затоа многумина се надеваа дека ќе престане да се емитува, но Крис Џенер тврди дека за тоа нема ни збор.
“Направив договор со моите деца да престанеме со снимање доколку му стане напорно на било кој од нас. Никој не изјавил такво нешто досега, па затоа мислам дека сите се забавуваме како никогаш претходно”, изјави Крис за списанието OK! Реалното шоу беше на својот врв на популарност во 2010. година кога го гледаа пет милиони луѓе, но сега дури ни најавите за раскошната венчавка на Ким и Кање, како и разводот на Клои и Ламар не го спречија падот на рејтингот.