Десетгодишниот Џамир Волис од Њу Џерси роден е без раце, меѓутоа овој хендикеп не го спречил да ги оствари своите соништа. Научил да пишува со нозе, да извршува многу задачи, но и да свири на труба.
Многу напор и работа вложило ова младо момче за да ги оствари своите соништа, но тој во тоа успеал.
“Мојата постара сестра свиреше на клавир, па јас одлучив да се обидам да свирам на некој инструмент”, вели момчето.
Се одлучил за труба и пред неколку месеци започнал со првите лекции.
“Почувствував возбуда. Навистина уживав и сфатив дека тоа е за мене”, изјавил Волис.
Работниците во локалната продавница за музички инструменти направиле посебен сталак за труба, со цел да се олесни користењето на неговиот омилен инструмент.
“Секој кој сака да се обиде да свири некој инструмент треба тоа да го направи. Никогаш не знаете што ќе се случи. Може навистина да ви се допадне, а може и не. Но, не се откажувајте”, порачува момчето на сите кои би сакале да научат да свират некој инструмент, а за тоа немале доволно храброст и желба.
Инспиративна приказна: Момче родено без раце научило да свири на труба