На интернет страницата на Белата куќа, група граѓани покренаа петиција да се соберат доволно потписи за да ја охрабрат Владата на нивната земја да го депортира Бибер и да му ја укине “зелената карта”. Досега се собрале 55.000 потписи и сакаат да го протераат Бибер од САД по секоја цена!
Скандалот со посетите на бордел, забавите со проститутки, пиењето, дрогирањето, безбројните кавги со соседите и на крај апсењето на младиот Џастин Бибер (19) едноставно ја “прелеа чашата” на трпението на Американците. Проблематичната ѕвезда толку многу им “боде очи” на граѓаните на САД, што тие бараат од Белата куќа да го депортира Бибер во Канада.