Џон Велден од Флорида и дал на својата тогашна девојка Реми Џо Ли таблети за кои тврдел дека се антибиотик, а всушност биле таблети за абортус. Тоа го сторил бидејќи се грижел дека неговата втора девојка ќе дознае за бременоста. Велден пред судот признал дека го фалсификувал потписот на својот татко кој работи како гинеколог за да би набавил таблети кои предизвикувале абортус. Откако ги набавил таблетите залепил етикета од антибиотик и ја убедувал девојката да си испие во вториот месец од бременоста. Откако ја признал кривицата осуден е скоро на 14 години затвор.
– Единствено што сакам е судот према Џон да се однесува како он што се однесуваше со мене за време на бременоста. Најмногу на цел свет сакав дете, а тој ми го одзеде – изјавила Реми Џо Ли пред пресудата да биде соопштена.