Докторот Џејмс Грант во прилика на подводен риболов го нападнала и го гризнала ајкула. Во тој момент тој посегнал по својот нож и успеал да се одбрани. Ова не му било доволно возбуда и кога стигнал на брегот сам си ја зашил раната и отишол на пиво до блискиот паб. Откако се смирил и им раскажал та пријателите што се случило отишол до болница.
– Беше супер дека успеав да убијам ајкула, затоа што во пабот каде што влегов беше организирано натпревар во риболов – се нашалил Грант во својата изјава.