Секојдневно се сретнуваме со разни совети за што и како треба да јадеме да бидеме здрави, но помеѓу тие совети и совети постојат многу контрадикции и различности.
Во појаснувањето на неколку нејаснотии околу дебелеењето, шеќерот, мастите еднојајчаните близнаци, браќата Александар и Крис Ван Тулекен кој се двајцата лекари направиле едноставен експеримент.
Двајцата јаделе колку сакале, но со рестрикции, едниот се одрекол од шеќер, а пак другиот од мастите. Освен тоа (и генетиката) животните стилови им биле исти: еднаквo се активни се движат и вежбаат. Александар се изјаснил дека обете прехрани се грозни, иако од прва помислил дека тој подобро поминал односно, јадел месо, риби, јајца, сирење. Од друга страна Крис никогаш не бил сит, постојано нешто грицкал. Иако двајцата ослабнале, неговиот заклучок дека двете диети се подеднакво лоши за здравјето.
Сепак, протеинската диета многу е лоша за вашиот мозок, бидејќи не добива гориво за функционирање. Александар тврди дека Крис го “победил” во сите тестирања како од оние за издржливост па се до клиничка стабилност. На крајот дошле до заклучок: причините за дебелеењето не се шеќерот или мастите, тие не создаваат зависност, туку ако ги комбинирате заедно тогаш настанува зависност. Начинот на исхрана не би требало да биде во облик на диета, туку веќе навика за целиот живот.”