Се наближува катастрофа! Магнетното поле околу Земјата драстично се намали во последните 200 години, а во годините што не очекуваат би можело да дојде до големо нарушување на магнетното поле што ќе предизвика хаос на нашата планета: климата ќе се смени, ќе има многу озонски дупки, радијацијата ќе биде многу силна и штетна, ќе има епидемии и болести, а електричната мрежа во целиот свет ќе престане да работи.
Длабоко во Земјата се наоѓа течно вжештено јадро со неверојатно висока температура, кое создава магнетно поле благодарение на кое сме заштитени од опасните соларни ветришта. Се работи за заштитна обвивка, која се простира илјадници километри во космосот, а неговите магнетни својства влијаат на речиси сите аспекти во животот, почнувајќи од глобалната комуникација до миграција на животните. Но магносферата е особено важна за животот на нашата планета, а е ослабена за цели 15% во последниве 200 години. Научниците предупредуваат дека тоа е сигурен знак дека се подготвува промена на магнетните полови на Земјата.