Еден од ретките уреди кој успеа да ја спои функционалноста на таблетите и лаптопите во едно, а да притоа се да работи совршено. Многу лесен за носење, а има јачина многу поголема од повеќето лаптопи.
Во последно време се појавуваат се повеќе лаптопи кои се мултифункционални. Доаѓаат со екран на допир и можно е да се одвои од тастатурата и да се користи како таблет. Корисниците во глобала не се баш задоволни од вакви уреди но HP Pavilion 11×2 успеа да ги промени мислењата на подобри.
Станува збор за лаптоп кој содржи 64 битна верзија на Виндовс 8 и ги дозволува сите функционалности на лаптопот и таблетот спакувани во едно парче уред. Целиот уред е тежок 1.49 килограми, додека само таблетот е 780 грама. Предната камера е Hp TrueVision FHT чија главна улога е за виео чат, а пак задната камера од 2 мегапиксела може да снима и фо целосна ХД резолуција. Има 4 јадрен Intel Celeron N2910 процесор од 1.6GHz, SSD хард диск од 64 GB и поседува 4GB рам меморија и има интегрирана Intel HD Graphic. Цената на овој уред изнесува околу 600 евра.