Доколку по секој оброк изгледате како трудница, можеби страдате од надуеност која обично ја предизвикуваат гасовите во стомакот, а поради нив вашите омилени тесни фармерки стануваат ваш најголем непријател.
Од оваа причина, сигурно понекогаш посакувате да ја облечете најшироката маица на светот и да не се поместите од троседот. Како да го израмните вашиот стомак?
Забавете со залаците
Судејќи по тврдењата на стручњаците, прејадувањето е една од главните причини за надуеност. Кога би го редуцирале внесот на храна, би настојувале подолго да џвакате и да го забавите нивниот внес, вашиот стомак ќе може да ви испрати сигнали кога ќе биде сит. Оваа порака може да патува и 20 минути. Затоа, доколку го забавиме целиот процес ќе изедеме помалку.
Прескокнете ги газираните пијалаци
Меурчињата во газираните пијалаци можеби му годат на вашиот вкус, но никако не и помагаат на вашата фигура. Меурчињата со воздух не исчезнуваат откако ќе ги проголтате, туку создаваат надуеност.
Зголемете го внесот на влакна
Влакната се одлични за одржување на чисти црева без надуеност. Но, треба да внимавате и да не претерате – размерот на влакна треба да биде 14 или повеќе грама на внесени илјада калории. Ова ќе ја одржи здрава флората во вашите црева, но бомбардирањето на стомакот со чинија грав или брокула доведува до лошо варење – несварените влакна ќе се задржат подолго во вашите црева и ќе ферментираат, што доведува до надуеност.
Пијте многу вода
Пиењето вода може да ви помогне во забрзување на варењето на храната богата со влакна за таа да не се насобере во вашиот организам. Влакната апсорбираат вода, па хидратизираните влакна побрзо поминуваат низ системот за варење.
Вежбајте
20 минути лесни вежби на ден може многу да помогнат, бидејќи ова ќе го поттикне варењето и цревата побрзо ќе се испразнат.
Земете пробиотик
Бактериската нерамнотежа може да биде виновна за постојана надуеност, а редовното консумирање пробиотик може да го реши овој проблем. Во екстремни случаи, антибиотиците понекогаш може да ги решат бактериските екцеси кои предизвикуваат хронична надуеност