(ФИФА) доживотно го суспендира либанскиот судија Али Сабаг, бидејќи тој во замена за сексуални услуги прифатил да намести натпревар во азиската Лига на шампиони.
Сабаг во април минатата година го наместил натпреварот меѓу Тампинс (Сингапур) и Ист Бенгал (Индија). Покрај доживотната суспензија која му ја изрече на Сабаг, ФИФА на десет години ги суспендира неговите помошници на тој натпревар, Али Еид и Абдалах Талеб.