Непрегледните ходници, збунувачките знаци и неразбирливите соопштенија на разглас кои дополнително ни прават нервоза се само дел од секојдневните работи кои мора да ги преживееме на големите аеродроми пред да влеземе во авион.
Меѓутоа, кога летате со прва класа, аеродромите се место за одмор, уживање и добра храна, а еден човек од Кина својата карта за прва класа ја искористил за бесплатно да јаде цела година.
Кога летате со прва класа на аеродромот ви е обезбеден статус на рок звезда. Во тоа се подразбира специјално ВИП оделение во кое можете да одморите, да се забавувате и секако да јадете – бесплатно. Се додека не се најде начин ова да се злоупотреби.
Човекот чиј идентитет не е откриен купил карта за прва класа од кинеската авиокомпанија Eastern Airlines отишол во вип зоната на вкусен оброк пред закажаниот лет. Кога дошло време за да се качи на авион тој ја откажал картата за следниот ден. Следниот ден со истиот стил, повторно се појавил на аеродромот, повторно се упатил во вип зоната на оброк пред летот и повторно го октажал за следниот ден. Фасцинантно е што тој човек успеал преку 300 пати во текот на 1 година на тој начин секој ден си обезбедувал луксузен оброк. Најинтересното е кога од авиокомпанијата почнале да го испитуваат неговиот случај, сватиле дека човекот просто ја откажувал цело време својата карта и парите во потполност му биле рефундирани без никакви надоместоци.