Да се биде учител е тешка професија, слабо платена и одговорна работа. За среќа овие факти не го предомислиле Иранецот Алија кога одлучувал каква професија да избере. Овој наставник во основно училиште станал национален херој откако ја избричил главата поради солидарност со момчето кое неговите врсници го исмејувале…
Господинот одлучил да ја избричи главата кога забележал дека децата се шегуваат со болното момче кое поради хемотерапија останало без коса. Учителот подоцна се фотографирал со болното момче и заедничката фотографија ја објавил на Фејсбук.
Одлучив да избричам главата за да му помогнам на мојот ученик да ја надмине кризата и да се врати на вистинскиот пат – напишал учителот на својот профил, после што следеле илјадници лајкови. Преку ноќ овој човек станал медиумска сензација. Гостувал во многу телевизиски куќи и бил на прием кај министерот за образование.
На крај се случило нешто неверојатно – неговото добро дело ги разнежнило срцата и на останатите ученици кои претходно се подбивале со болното момче, па во знак на солидарност и тие ги избричиле своите глави.