Иако звучи како филмско сценарио, приказната е вистинита: Девојките се спријателиле на факултет, а потоа следел шок…

popara30 јануари, 201418min00
7

Дека животот пишува неверојатни приказни  доказ се овие две млади девојки. Се запознале случајно на Фејсбук, подоцна станале пријателки…но тоа е само почеток…

Студентката Маихаела Стерн Елис (19) се спријателила со Емили Напи (18) минатото лето, додека барале цимерки преку Фејсбук.

Имаше онлајн анкета и баш ги гледав одговорите на Емили. Видов дека имаме многу заеднички теми и сличности – вели Михаела.

До тогаш, Емили веќе имала цимерка, но двете продолжиле да разговараат, а станале и добри пријателки кога се сретнале во кампусот на факултетот во Њу Орлеанс.

Двете знаеле дека се зачнати со донација на анонимен донор на сперма, но никогаш не размислувале премногу за тоа, дури ни кога сватиле дека и во двата случаи донорот бил Колумбиец.

Пред две децении, мајката на Михаела ја искористира спермата на анонимниот донор за да добие дете.

Кога се вратила дома на викенд, Михаела и раскажала на мајка си за новата пријателка со која има толку заеднички нешта.

Нејзината мајка размислувала за списокот со донори од пред 20 години, но добро се сеќавала дека на списокот немало друг Колумбиец.

Откако ги видела фотографиите на Емили, забележала колку е слична со нејзината ќерка, па и рекла на Михаела следниот пат да ја праша за бројот на донаторот.

Емили и го испратила бројот и се докажало дека таа и Михаела се сестри по татко.

Имаат исто мислење за модата, купиле ист џемпер без да знаат.

 – Отидов на факултет за подобро образование, а освен тоа добив и сестра.

На Фејсбук Михаела напишала: Невидлива врска не поврзува и така Судбината не спои, без разлика на времето, местото и околностите.

2mikayla2

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma