Валери Триервејлер за разделбата со Оланд…

popara30 јануари, 201419min00
1916304-img-francoise-hollande-francie-prezident-vztah-rozpad-valerie-trierweiler

Валери Триервејлер, 48- годишната поранешна партнерка на францускиот претседател Франсоа Оланд, за магазинот Paris Match изјавила дека имала впечаток дека паѓа од облакодер кога на 10 јануари таблоидот Closer открил врска меѓу Оланд и локалната актерка Жули Гаје.

“Слушнав гласини, јасно, но се слушаат за сите. Ги слушам и за себе, постојано. Но, не обрнував внимание”, објаснува во најновиот број на Paris Match, ианку нејзиниот работодавач.

Додава дека сепак не е во криза.

“Не е ова прв прекин во мојот живот. Жесток е, бидејќи е медиумски покриен”, нагласува таа.

Таа истакнува и дека ќе продолжи со својот поранешен живот збогатен со ново искуство и дека во само неколку дена добила стотици писма со поддршка.

Да се потсетиме, Франсоа Оланд во саботата, 25 јануари објави крај на заедничкиот живот со Валери Триервејлер.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma