Анџелина наводно побеснела кога слушнала дека Бред јавно ја пофалил 31 годишната актерка.
-Таа е навистина посебна. Се уште ќе видиме многу убави работи од неа. Прекрасна е- изјави тој на неодамнешната поделба на наградите на Беверли Хилс, пред полна сала познати личности и милиони кои го следеа преку малите екрани.
Оваа ситуација многу ја изнервирала Џоли, па моментално е во затегнати односи со Пит.
Џоли во последниве месеци е презафатена поради филмот „Анброукен”, на кој неисцрпно работи па не стасува на својот љубен да му посвети доволно внимание. За работата да биде полоша, кога неодамна се виделе, Бред бил целосно ладен кон неа, па актерката се загрижила за нивната врска и претстојниот брак.