Арагонес, како што пренесоа шпанските медиуми, починал утрово во 6:15 часот по кратко боледување. Ќе остане запаметен по освојувањето на европската титула со Шпанија со 2008 година на шампионатот во Австрија и во Швајцарија, трасирајќи му го патот на следните успеси со селекцијата на Висенте дел Боске.
Арагонес на клупата на шпанската репрезентација мина четири години од 2004 до 2008 година, а беше тренер и на Атлетико Мадрид, Барселона, Бетис, Еспањол, Севилја, Валенсија, Овиедо и Мајорка.
Луис Арагонес почина денеска во 75-та година од животот.