
Еден од најпопуларните учесници на Икс Фактор и голем фаворит за победа, Даниел Кајмакоски, снимил нова нумера “Без тебе ладно е“ и она што е сигурно е дека оваа балада ги има сите предуслови да биде голем хит кој никого нема да го остави рамнодушен.
Даниел, кого го споредуваат со неговиот идол Тоше Проески, со оваа нумера го докажал својот раскошен талент, а судејќи според коментарите, песната набрзо ќе почне да се врти на регионалните радио станици.
Слушнете ја нумерата “Без тебе ладно е“:
httpv://www.youtube.com/watch?v=hv1SiT-KTWU
Слушнете го и последниот настап на Даниел на Икс Фактор:
httpv://www.youtube.com/watch?v=_lrSTud6EK4