Фотографијата што го расплака светот: Сопственикот се збогува со својот најдобар пријател

popara2 февруари, 201417min00
5

Оваа фотографија го заобиколи светот и за само неколку дена ги расплака сите љубители на кучиња…

На сликата е прикажан сопственикот кој за последен пат се поздравува со својот верен пријател, кучето Дакота, која умира.

Автор на фотката е неговата девојка.

Неодамна јас и Адам дознавме дека Дакота има рак кој брзо се шири. Дадовме се од себе да ја спасиме нашата мала пријателка, или барем да и ги намалиме маките. После месец дена свативме дека на нашето крзнено пријателче му нема спас па моравме да се поздравиме – раскажува Сара.

Сара и Адам се соочиле со тешки моменти, верувајќи до последно дека таа ќе ја победи болеста. Сепак, целата љубов и волја не биле доволни за да ја спасат.

Ја успале на 15 Јануари, а неодамна на Интернет ја објавиле оваа трогателна фотографија, во знак на сеќавање на изгубеното крзнено пријателче.

fotografija-oprasta-od-psa