
Роден сум со музиката во себе. Мојот татко свири хармоника и пее народни песни, а јас сум самоук. Малку свирам на гитара, а знам да свирам и на клавир и да пеам.
Даниел Кајмаковски во 2010 година го напиштил пеењето и отишол во Виена да работи, али под влијание на негов пријател се пријавил на овој музички настан. Во Виена работел во градежништвото и како што кажува, добро му одело. Дури станал и надзорник, меѓутоа тоа не било тоа.
И за коментарите од публиката има одговор кога зборуваат за неговото пеење и за пеењето на другите учесници:
„Не знам како да ви одговорам на тоа. Никој не е совршен. Сите фалшираме и сите имаме лош ден, меѓутоа сите сме од Икс Фактор и можеме да се мериме со светските музички ѕвезди.“