
Овен
1. 1. Прво делувам, потоа размислувам за последиците!
2. 2. Ако не можеш да направиш нешто како што јас го правам, подобро не почнувај! И онака нема да го направиш подобро од мене!
3. 3. Да ислушаш што ти зборуваат другите до крај е најтешко!
4. 4. Лесно се контролира ситуација, тешко се контролира емоција!
5. 5. Никогаш нема да остарам!
6. 6. Кога останатите ќе решат дека е време за одмор, тогаш јас натискам газ до даска!
7. 7. Никогаш не напаѓам прв, но ако ме испровоцираш, Господ да ти е на помош!
Бик
1. 1. Подобро убав тросед, отколку убаво зајдисонце!
2. 2. Никој не може да ме спречи да трошам пар за убави работи!
3. 3. Подобро сам, отколку во лошо друштво!
4. 4. Луѓето кои не ја ценат убавата храна, не се ценат себе си!
5. 5. Економијата е мајка на мизеријата!
6. 6. Компромиси правам само за луѓе кои заслужуваат!
7. 7. Пријателите ми се пред се!
Близнаци
1. Две глави се подобри од една, особено кога припаѓаат на едно тело.
2. Она што вчера ми се допаѓаше, денес ми изгледа одвратно.
3. Не ми е проблем да ти ја кажам вистината во очи. Треба да го цениш тоа!
4. Минувам низ животот како скутер низ вода – не влегувам длабоко, но затоа брзо се движам!
5. Знам се, можам се, сакам се! А ти? Ти гледај и учи!
6. Не е важно тоа што многу зборувам, важно е што знам што зборувам!
7. Јас најдобро знам дека одмаздата се сервира студена. Кога најмалку ќе очекуваш ќе ти дојдам како подмолна болест!
Рак
1. 1. Мојот дом е мојата тврдина!
2. 2. Се си доаѓа на свое место, за оние кои умеат да чекаат!
3. 3. Си го носам минатото како ранец на грб!
4. 4. Моето си е мое и знам како да си го чувам!
5. 5. Не ги поднесувам глупаците, фалбаџиите, лицемерите и егоистите!
6. 6. Топол дом, малку парички на страна и полн фрижидер. Што повеќе му треба на човек?
7. 7. Без романтика не можеш да ме освоиш. Без тоа не можеш да ме задржиш!
Лав
1. 1. За да ја видиш светлината, не треба да се плашиш да поминеш низ тунелот!
2. 2. Наместо да поправам нешто старо, подобро е да си купам нешто ново!
3. 3. Што ќе ти е Сонцето, кога јас сум до тебе?
4. 4. Едни од најмудрите луѓе се диктаторите!
5. 5. Подобро убава и луксузна канцеларија, отколку висока плата!
6. 6. Знам толку многу, затоа што знам кого НЕ треба да го слушам!
7. 7. Само јас знам да ти кажам како да си го средиш животот!
Девица
1. 1. Секој живее за себе си, но заедно со тоа служи и на другите!
2. 2. Не ме интересира колку добро изгледаш, ако немаш ништо во главата, нема да имаш ништо и со мене!
3. 3. Покажи ми јасно и логично дека сме создадени еден за друг!
4. 4. Ништо не може да ме натера да го прифатам мислењето на човек кого не го ценам!
5. 5. Со трпение и труд се може да се постигне!
6. 6. И во главата и во домот треба да има ред!
7. 7. И сепак, не заборавајте, дека јас ве надминувам сите вас!