
Не ја одобруваме секојдневната употреба на тешка шминка. Тоа е многу штетно за кожата на лицето, но во дадени ситуации е полн погодок.
Повеќекратно сме објавиле и текстови против претераната злоупотреба со Фотошоп врз фотографиите на познатите ѕвезди. Така се создаваат идеални за убавина, недостижни за обичната жена.
Го знаете и нашето мислење за пластичните операции направени без потреба и особено кога ќе се претера.
Денес ќе видите какви неверојатни чуда можат да се постигнат само со шминка.








