Мистериозни и вистински проколнати места!

popara3 февруари, 20141min00
najchudnite-prokolnati-mesta-na-svetot-99752

Во светот постојат места што претставуваат вистинска мистерија за човештвото, места за кои кружат различни приказни и неверојатни легенди. Нема човек кој не слушнал за Бермудскиот триаголник, а самата опција дека на тоа место исчезнуваат луѓе кај секого предизвикува сомнежи.

Пештерите Чикабул, Белиз

najchudnite-prokolnati-mesta-na-svetot-99750

Овој пештерски систем создаден од реката Чикибул во централна Америка се смета за подземен свет на древните Маи.

Неговото име Ксибалбе во превод значи место на стравот. Всушност, станува збор за домот на „Господарот на смртта„ и неговите поданици кои сееле терор над локалните жители, кои пак морале да им принесуваат жртви.

Наводно, во пештерите сè уште можат да се слушнат криците на водачите на Маите како се борат со демоните, но сепак поголема е веројатноста дека се работи за повици од туристите.

Хотелот Стенли во Естес, Колорадо

najchudnite-prokolnati-mesta-na-svetot-99751

Овој хотел во Колорадо бил инспирација за филмот „The Shining” на Стенли Кјубрик, со оглед на фактот дека авторот има признато дека слушнал детски гласови на духови по ходниците.

Други духови се видени по бањите, а копчињата на пијаното биле притискани сами од себе. Сепак, велат дека повеќето од тие духови биле пријателски настроени.

Проблемот очигледно беше во Џек Николсон, кој не можеше да ги поднесе.

httpv://www.youtube.com/watch?v=WDpipB4yehk

Шумата Аокигара во Јапонија

najchudnite-prokolnati-mesta-na-svetot-99752

Оваа шума во подножјето на планината Фиџи се смета за најпроколнато место во Јапонија, бидејќи луѓето веруваат дека токму тука живеат духови, гоблини и демони.

Локалните легенди велат дека во дрвата се наоѓаат лица кои врискаат, а лоша репутација придонесе и големиот број на самоубиства кои токму тука се случуваат. Според приказните, ова е второто место по ред на самоубиства, по мостот Голден Гејт во Сан Франциско.

Дури и јапонскиот писател Ватару Куруки во книгата „Комплетен водич за самоубиства” шумата ја нарече „совршено место за умирање”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *