Ќерката на Легија се врати дома!

popara3 февруари, 20141min00
72-660x300

Нема информации од канадската полиција зошто девојчето исчезнало и каде е пронајдено.

legija-sudnica-sa-660x320

Се е во ред. Се врати дома, вели бабата на Николија, 15-годишната ќерка која Легијата ја има од бракот со Маја Луковиќ.

Ники се јавила дома од телефонот на своја другарка но сеуште не се знае каде била и дали била киднапирана или сама избегала од дома.

Николија од дома исчезнала во петокот околу 15 часот а канадската полиција упатила апел до граѓаните да се јават веднаш ако ја видат, опишувајќи ја како девојче со светла коса, високо 1.70, слаба, тешка 54 килограми, со кафени очи, која во моментот на себе имала црн џемпер.

Маја Луковиќ и Легија се венчале во 1992 година, а кум на свадбата бил Жељко Ражнатовиќ Аркан. Сепак Легија наводно никогаш не ја видел својата ќерка Николија.

Милодраг Улемек Легија, бивш командант на Црвените берети осуден е на 40 години затвор како еден од главните организатори на убиството на Џинџиќ.